Драмска дејност

Драмската дејност во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица е поврзана со работата на Народниот театар „Антон Панов“, кој работи во склоп на НУЦК, како еден од неговите три сектора. Официјалното формирање на Градскиот театар во Струмица на 1 мај 1949 година е природно продолжување и надоврзување на аматерската драмска дејност која постоела во децениите пред тоа. Иако тој датум, 1 мај 1949 година, се зема како официјален датум за формирање, сепак подготовките за негово формирање се малку порано, кон крајот на 1948 година, кога од Градскиот народен одбор се донесени Одлуката за формирање и Дозволата за изградба на театарската зграда –  денеска во фаза на обнова – позната под името Стариот театар.

Седумдесеттите години од 20 век се земаат како Златно доба на струмичкиот театар, декада кога редовно се освојуваат највисоките театарски награди во Републиката. По забраната на користење на старата зграда поради дотраеност, струмичкиот театар извесен период работел во бараките спроти старата автобуска станица, а премиерите се случувале во денешниот Дом на АРМ (некогашниот Дом на ЈНА).

Театарот низ бројки

0 Премиери
0 Целовечерни претстави
0 Претстави за деца и куклени претстави
0 Праизведби на македонски драми
0 Монодрами

Последни поминати Настани

Петок 13-ти

Мала сала

Оваа комедија е приказна за една необична и неверојатна вечер во која се судираат среќата и несреќата, љубовта и омразата, пријателството и неверството.

МКД250

Црна дупка

Камерна сцена

Тешко е кога човек е странец во странство. Но уште потешко е кога човек е странец дома. Најстрашни се оние времиња кога самиот дом се претвора во туѓина, во џенем,...

МКД250

Помошно-технички персонал

Администрација

Дејан Јанев

Виш соработник за административни и општи работи