Одбележан јубилејот 75 години од постоењето на Народен театар во Струмица

Одбележан јубилејот 75 години од постоењето на Народен театар во Струмица

Во петокот, на 19 април, со отворањето на изложбата на театарски фотографии на Сречко Гунчев и со премиерното издание на најновата претстава „Црна дупка“ со текст од Горан Стефановски и во режија на долгогодишниот соработник на струмичкиот театар, режисерот Љупчо Ѓоргиевски, беше обележан јубилејот – 75 години постоење на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.

Во официјалниот дел свое обраќање имаше директорката на НУЦК „Антон Панов“ Белагија Аливкинова, а настанот беше посетен од бројни пријатели, соработници и театарски работници.

Остави одговор

Your email address will not be published.