Ален Нанов

Актер

Роден во 1972 година во Скопје. Студирал на ФДУ во Скопје, но дипломирал актерска игра на НАТФИЗ „Крстјо Сарафов“ во Софија во 1999 година. На струмичката театарска сцена дебитирал во 1993 година. Неговото официјално вработување во Струмичкиот театар е во 2000 година. На матичната сцена одиграл педесетина улоги, од кои се издвојуваат следните: Тизба и Санде Свирче во „Сон на летната ноќ“ на Вилијам Шекспир, Мажот во „Перпетум мобиле“ на Александра Ковачевиќ, Госпоѓа Мела во „Чудо големо“ на Митко Маџунков, Шуки во „Гола Вера“ на Џорџе Милосавлевиќ и др. Играл во филмовите: „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Такси“ и „Секс, дрога и рокенрол“ на Јани Бојаџи, како и во документарецот „Феноменот театар“ на истиот режисер. Автор е на стихозбирката „Ѕвезден водоскок“, објавена во 2020 година.