Катерина Бенинова

Инспициент/уметнички соработник

Родена во 1989 година во Струмица. Завршила прв и втор циклус студии при Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕФТА“ во Скопје. Дипломиран филмски режисер. Дипломиран продуцент. Студирала и театарска режија – магистар по сценски уметности, режисер. Режирала неколку театарски претстави во драмското студио при СПУ „Јахја Кемал“. Режија и реализација на ТВ-емисијата „Мегдан кујна“ на ТВ-каналот „Вис“ од 2014 до 2017 година. Режирала и три епизоди од серијата „Струмички приказни“ во 2016 година во продукција на Здружението за култура и уметност „Сцена“ од Струмица. Се занимавала и со уметнички дизајн и компјутерска подготовка на книги и весници. Ги режирала двата кратки документарни филма „Роза Мојсовска“ и „Сонцето на Царевите кули“. Со нив учествувала на неколку филмски фестивала: „Астерфест“ во Струмица, „Браќа Манаки“ во Битола и на фестивали во Црна Гора и Словачка.

Вработена во НУЦК од 2019 година.