Ванчо Василев

Актер

Роден во 1980 во Струмица. Дипломирал на Одделот за актери на ФДУ во Скопје во 2004 година. Во Струмичкиот театар дебитирал уште како студент во 2002 година во претставата „Операција Лир” на Владимир Плавевски. Неколку години како актер ќе биде дел од репертоарот на Струмичкиот театар и тоа како хонорарен соработник, а од 2010 година ќе стане и постојан член на струмичкиот ансамбл. Учествувал во четириесетина театарски претстави во Струмичкиот театар, а меѓу нив се издвојуваат улогите на: Едгар во претставата „Операција Лир“ (2002), Паткалјосин во Гогољевата „Женидба“ (2005), Теди во „Враќање“ на Харолд Пинтер (2007), Сергеј Мисирков во „Последниот ден на Мисирков“ на Јордан Плевнеш (2008), Драмио од Сиракуза во Шекспировата „Комедија на грешки“ (2008), Ерхард Боркман во Ибзеновиот „Џон Габриел Боркман“ (2017), Пинокио во претставата за деца „Пинокио“ (2017), Џим О’ Конор во „Стаклена менажерија“ на Тенеси Вилијамс, Хатерас во „Пурпурен остров“ на  Булгаков (2019), Карлес во „Методот Гронхолм“ (2021), Брадестата Жена во „Циркус Пирандело„ и др. Творечка провокоција му е костимографијата, па се јавува и како костимограф во дваесетина театарски претстави, некои во Струмичкиот театар, а некои во другите театри низ земјата (Тетово, Гостивар, Куманово, Охрид). Учествувал во повеќе телевизиски проекти, како и во филмовите „Тајната книга“ на Владо Цветановски, „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски и „Последното интервју на Адам Сусбе“ на Дима Пројкова од Република Бугарија во 2022 година.