Драгана Таневска

Режисер

Родена во 1989 година во Куманово. Дипломирала театарска режија во класата на проф. Дејан Пројковски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје. Коосновач на независниот театар „Фабрика“ во Скопје, но и коосновач на Младинскиот театар во Куманово во 2008 година. Во тие два театра се јавува како потписник на неколку режии. Во Струмичкиот театар е вработена од 2014 година. Тука ги режирала претставите: „Шума“ од А.Н. Островски, „Вртелешка“ од А.Шницлер, „Стаклена менажерија“ од Т. Вилијамс, „Пчелите ќе умрат“ според И. Вирипаев, како и детските претстави „Пинокио“, „Пипи Долгиот Чорап“, „Јованче и Марика“ и „Пат околу светот“. Свој ангажман има и во театрите низ државата, во Тетово, во Куманово, во Охрид, каде што режирала текстови од Георг Бихнер, Албер Ками.