Коста Ангов

Актер

Роден во 1979 година во Струмица, Република Македонија. Во 2008 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности при ЈЗУ „Неофит Рилски“, Благоевград, Бугарија. Во 2011 година завршил курс за театарски ментор во Школата за театар „Гечо“ во Билбао, Шпанија. Во Струмичкиот театар ќе дебитира уште во 2003 година во претставата „Плеј стејшн“ по текст и режија на Јани Бојаџи. Во периодот од 2003 до 2013 година работи хонорарно во НТ „Антон Панов“ од Струмица. Во 2013 година и официјално станува дел од струмичкиот театарски ансамбл. На матичната сцена, освен неговото деби во „Плејстејшн“ во 2003 година, играл во претставите: „Селата на Потемкин“, „Мара де Сад“, „Големиот смок“, „Роденден“, „Последниот ден на Мисирков“, „Тибурсио и Синфороса“, „Досие Стриндберг“, „Каминот“, „1984“, „Подземна комедија“, „Вечна игра“, „Крвави свадби“, „Народен пратеник“, „Ни ќар ни зијан“, „Шума“, „Вртелешка“, „Кучето со боја на небо“, „Дванаесетта ноќ“, „Царот Владислав“, „Пинокио“, „Стаклена менажерија“, „Животинска фарма“, „Петтиот чин“, „Пурпурен остров“, „Шепоти од вода“, „Тетовирани души“, „Паника во хотел Палас“, „Циркус Пирандело“, „Лизелота и месец мај“, „Вујко Вања“. Ја играл и ја режирал монодрамата „Глумецот… е глумец… е глумец“ по текст на Зијах А. Соколовиќ. Од 2012 година театарски ментор во Летната школа за театар при Здружението на граѓани „Думон“ од Струмица. Играл во краткометражниот игран филм „Игра и спас“ на Горан Тренчовски и во телевизискиот филм „Болки на душата“ на Јани Бојаџи. На театарскиот фестивал „Минат“ во Шпанија во 2017 година, освен тоа што претставата „Каминот“ била наградена за сценографија и како претстава во целина, тој бил награден за актерска игра, за улогата на Хенри во оваа претстава.