Анкица Бенинова

Актерка

Родена во 1990 година во Струмица. Дипломирана актерка од 2013 година на Академијата за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје. Во Струмичкиот театар дебитирала во 2014 година во улогата на Жената на Лоренцо во „Крвави свадби“ од Ф.Г. Лорка, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски. Кон крајот на 2014 година и официјално станува член на струмичкиот ансамбл и има одиграно триесетина улоги од кои се издвојуваат улогите на Лаура во „Стаклена менажерија“ на Тенеси Вилијамс и Марија Браун во „Бракот на Марија Браун“. Освен на матичната сцена, играла во претстави и во други театри: „Женидба“ на Театар „Комедија“ од Скопје, „Вечната игра“ во МНТ и „На дното“ во Штипскиот театар. Играла во филмот „Медена ноќ“ на Иво Трајков и  има телевизиско искуство со играњето во „Струмичките народни приказни“ во продукција на локалната телевизија „Вис“ од Струмица. Учествувала во повеќе проекти на Здружението за култура и уметност „Сцена“ од Струмица. Играла и во Театар „Фабрика“ во претставите „Совршена анализа на еден папагал“ и „Будење на пролетта“.