Игор Тодоров

Актер

Роден е во 1983 година во Радовиш. Дипломирал актерска игра на НАТФИЗ „Крстјо Сарафов“ во Софија, Бугарија, во 2006 година. Учествувал во радиодрами, театарски претстави, студентски филмови. Во Струмичкиот театар дебитирал во претставата „Слепи птици“ на Јани Бојаџи (2010). Од 2014 година и официјално е член на струмичкиот ансамбл. По вработувањето, на матичната сцена одиграл околу петнаесетина улоги. Играл во филмовите „Златна петорка“ на Горан Тренчовски, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Митевска, како и во телевизискиот филм „Автобиографија“ на Јани Бојаџи. Во 2023 година ја добил наградата за најдобра машка улога во претставата „Пчелите ќе умрат“ на 33. Национален фестивал на малите театарски форми – Враца 2023 и на 11. Меѓународен фестивал „НЕТА“ во Враца (Бугарија).