Танкица Стојанова

Актерка

Родена во 1996 година во Струмица. Во 2018 година дипломирала на Факултетот за драмски уметности „Неофит Рилски“ во Благоевград, Република Бугарија, а на истиот факултет магистрирала во 2022 година. Во 2013 г. дебитирала во Струмичкиот театар со улогата на Ќерче во „Бледица“ од Васе Манчев, а во режија на Кире Ѓорѓиев. Од 2014 до 2018 г. е дел од ансамблот на Благоевградскиот театар. Во 2018 година ја добила наградата за главна женска улога на Меѓународниот фестивал „Царевец“ во Велико Трново (Бугарија). Во 2019 г. официјално станува дел од струмичкиот ансамбл. На матичната сцена игра во претставите: „Животинска Фарма“ (Орвел), „Пурпурен остров“ (Булгаков), „Секс, лаги и љубомора“ (Камолети), „Умри машки“ Алдо Николај), „Јованче и Марика“ (Браќата Грим), „Гронхолм метод“ (Галсеран), „Бракот на Марија Браун“ (Фасбиндер), „Циркус Пирандело“ (Пирандело), „Пат околу светот“ (детска претстава), „Пчелите ќе умрат“ (Вирипаев). Во 2020 година номинирана за големата награда за актерско остварување „Ристо Шишков“ на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. Во 2022 г. добива награда за главна женска улога на Меѓународниот фестивал „НЕТА“ во Враца (Бугарија). Во 2022 г. гостува во Народниот театар во Штип и ја игра улогата на Ева во претставата „Умри машки“. Во периодот од март 2022 година до март 2023 година била в.д. директор на Центарот за култура „Антон панов“ од Струмица. . Во 2023 г. член на официјалното жири на 13. Интернационален филмски фестивал „3F Balkan festival“ во Поградец (Република Албанија).