Гостување на „Распеани струмичани“ на манифестацијата „Вешта жена“

Гостување на „Распеани струмичани“ на манифестацијата „Вешта жена“

На ден 25 февруари 2024г. ВИА ,,Распеани струмичани’’ при НУЦК ,,Антон Панов’’-Струмица, на покана од страна на организаторите на републичката манифестација ,,Вешта жена’’ од Струмица, гостуваше на манифестацијата со македонски староградски песни од струмичкиот крај. Ансамблот ја отвори манифестацијата со песните ,,Под кулите на Струмица’’ и  ,,Во Струмица на улица’’. За овој настап ,,Распеани струмичани’’ добија благодарница за заслуги и посебен придонес во работата на здружението ,,Вешта жена’’.

Манифестацијата ,,Вешта жена’’ се одржа во ресторанот ,,Шалом’’ во Струмица.

Остави одговор

Your email address will not be published.