Гостување на „Распеани струмичани“ во емисијата Качамак на ТВ Сител

Гостување на „Распеани струмичани“ во емисијата Качамак на ТВ Сител

Вокално-инструменталниот ансамбл ,,Распеани струмичани’’ на 10 март 2024г. ќе гостува на државната (националната) телевизија Сител во Скопје во рамките на фолклорната емисија ,,Качамак’’ каде што, ќе се претстави со традиционалните македонски староградски тримерски песни, обичаи и адети  од струмичкиот крај  по повод празникот ,,Тримери’’ кој со години наназад се празнува и слави во  градот Струмица и народот кој што живее во Струмица. Посната трпеза во емисијата ќе биде поставена и презентирана од женските членови на ансамблот ,,Распеани струмичани’’. Во склоп на ова гостување ќе настапат и членови од повеќе карневалски групи кои ќе учествуваат на ,,Струмичките карневали’’ во Струмица, предводени од претседателот на организациониот одбор, Сашо Цицимов.

Остави одговор

Your email address will not be published.