Нова директорка на НУЦК „Антон Панов“

НУЦК „Антон Панов“ со нова директорка. Белагија Аливкинова ја презеде функцијата од досегашниот в.д. директор Дејан Јанев, кој пак ја наследи актерката Танкица Стојанова. Аливкинова е правничка по професија исто како и Јанев. Таа е дипломиран магистер по правни работи, досега вработена како Раководител на одделението за општи и правни работи во Општина Струмица.

Аливкинова вели дека вештините за водење културна институција ги стекнала изминатите години како еден од членовите што помагаат да се реализира програмата на Струмица опен фестивал. Последнава година беше член на УО во НУЦК „Антон Панов“. Вели дека има намера сериозно да се заложи за развој на институцијата.

Остави одговор

Your email address will not be published.