25 Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура објавува конкурс

25 Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура објавува конкурс

КОНКУРС

Тема

КАРНЕВАЛ – ЕРОТИКА

КАТЕГОРИЈА АФОРИЗАМ

Во оваа категорија секој автор може да учествува најмногу со 10 афоризма, отпечатени во три примерока, со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците може да учествуваат со повеќе трудови од по 10 афоризма со посебна шифра за секој труд.

КАТЕГОРИЈА КАРИКАТУРА
Во оваа категорија секој автор може да учествува најмногу со три карикатури, работени во техника по избор на авторот, со димензии А4. На секоја карикатура треба да стојат податоците за авторот на задната страна.

РОК НА КОНКУРСОТ
Краен рок за пристигнување на трудовите е 1 март 2024 година.

НАГРАДИ
Се доделуваат три главни награди: Златна, Сребрена и Бронзена плакета. Организаторот има право да додели одреден број дополнителни награди.

АДРЕСА
Трудовите да се испраќаат на адреса:
НУ Центар за култура „Антон Панов“
Плоштад „Гоце Делчев“ бб
2400 Струмица Р. Македонија
(Со назнака: За конкурсот за афоризам и карикатура)

АВТОРСКИ ПРАВА
Пристигнатите дела од двете категории остануваат во сопственост на организаторот и авторот, со право на нивно претставување во јавноста, по можност во каталог или друг вид публикација.

ЖИРИРАЊЕ
Сите дела пристигнати во определениот рок, ќе ги разгледа соодветно жири, кое ќе ги додели наградите на 18 март 2024 година (Чист понеделник), кога ќе биде организирана изложба и претставување на наградените дела.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Тел. ++ 389 70 291 544
Е-адреса: anton.panov.sr@gmail.com

 

Остави одговор

Your email address will not be published.