Белагија Аливкинова

Белагија Аливкинова по професија е правник. Магистер по правни работи. Има работено како раководител на Одделението за општи и правни работи во Општина Струмица. Вештините за водење институција од областа на културата ги има стекнато како дел од тимот кој бил одговорен за реализација на програмата на „Струмица опен фест“. Пред да стане директор била член на Управниот одбор на НУЦК „Антон Панов“.