Александар Филев

Конзерватор

Роден е во 1982 година во Струмица. Учи во Средното училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, а потоа дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на професорот Благоја Маневски. Од 2001 година е асистент во отвореното студио за современ мозаик. Учествувал во изработката на монументалните мозаици во Меморијалниот центар во с.Пелинце. Имал девет самостојни изложби, а учествувал и во повеќе ликовни проекти и групни изложби. Неговите дела се наоѓаат во многу приватни и државни збирки и институции, во фондот на Меѓународната струмичка ликовна колонија, во Музејот за современ мозаик „Брациано“ во Италија и на други места. Автор е на мозаичните решенија на повеќе сакрални објекти.