Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.

Кора од портокал

октомври 30, 2023 @ 21:00 - 23:00

МКД250

Претставата „Кора од портокал“ е една од оние „женски приказни“ кои го тематизираат феноменот жена во контекст на современото потрошувачко општество. Потпирајќи се на постдрамската текстуална предлошка на авторката Маја Пелевиќ, претставата истражува како масмедиумската индустрија на заводлив начин ги вовлекува жените во својот магичен круг, како го создава оној голем јаз помеѓу женското тело и идеализираната претстава за него. Во такви околности жената полека ја губи својата неповторлива индивидуалност и преку еден copy paste принцип се умножува во бескрајно многу примероци кои, иако навидум посебни, всушност се само отпечатоци на јавниот говор што не дозволува различности.

Детали

Дата:
октомври 30, 2023
Време:
21:00 - 23:00
Цена:
МКД250
Настан Категорија:

Сала

Приватно: НУЦК “Антон Панов“
Плоштад Гоце Делчев бб
Струмица,
+ Google Map

Театарот го задржува правото за менување на репертоарот