trio gentlemen za damata koncert

Концерт „Трио Џентлмен“ – „За дамата“

„Трио Џентлмен“ е составено од тројца професионални оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимагловски – тенот. По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво.

Имаат настапувано низ сите поголеми и помали градови во Македонија како и надвор од нашите граници со целовечерни концерти, музички фестивали, гала концерти, дел од поголеми значајни манифестации итн. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново, нешто невидено на нашите простори. Различни ги прави тоа што прават спој на операта, оперско пеење со различни жанрови како: поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, интерпретиран од тројца оперски пејачи.

Project details

Остави одговор

Your email address will not be published.